За SunWireless

Aниц-Системи доо е формирана во 1999 година со главна деловна дејност во областа на информатички и телекомуникациски услуги. Компанијата започна со понуда на услуги за веб-дизајн и софтверско програмирање за корисници на македонскиот пазар и во многу брзо време ги прошири своите дејности и обем на работа во регионот и пошироко. Со самиот раст на компанијата се зголемуваше и портфолиото на услуги, односно компанијата започна да дизајнира и имплементира проекти од областа на системска интеграција и мрежни инфраструктури.

Во 2007 година компанијата го насочи своето работење во областа на безжични мрежни комуникации и реализираше успешен пилот-проект. Овој успех ни овозможи поддршка и средства за имплементирање на сопствена безжична мрежа, односно потребна инфраструктура да станеме национален оператор за безжични телекомуникации.

Комерцијалните активности како оператор започнаа во септември 2008 година под нашиот бренд SunWireless и во моментот ја прошируваме мрежата во сите поголеми градови во Македонија. Седиштето на компанијата е во Скопје, а покрај канцеларии во Струмица, Струга и Тетово, располагаме и со атрактивен продажен простор за информатичка опрема што се нуди во пакет со услуги за интернет пристап. Во меѓувреме ја развиваме нашата национална мрежа за директна и индиректна продажба.

 

Почеток За SunWireless